Велес: УЧИЛИШЕН ВЕЛИГДЕНСКИ БАЗАР

објавено во Општински вести | 0
Велес: УЧИЛИШЕН ВЕЛИГДЕНСКИ БАЗАР

На тезгите денеска беа изложени ракотворби со мотиви на најголемиот христијански празник Велигден и вапцани јајца во различни бои, изработени од вредните раце на децата од основните и средните училишта, заедно со наставниците како и децата од градинката „Димче Мирчев“.

Велигденскиот базар предизвика огромен интерес кај граѓаните кои во голем број денеска и изминатите денови ги посетија тезгите и купија од рачно изработените предмети.

Училишниот базар е во организација на Општина Велес и полека прераснува во традиција.

Добредојдовте на официјалната веб страна на Општина Велес. Сите информации за градот и околината на едно место.


Извор: Општина Велес