Општина Ѓорче Петров обезбеди30 нови персонални компјутериза основното училиште „Мирче Ацев“, со што се подобруваат условите за изведување на наставата по информатика и се овозможувасекој ученик да работи на сопствен компјутерво рамки на информатичкиот кабинет.
Станува збор за активност насочена кон унапредување на условите за настава и подобрување на пристапот до дигитални технологии за учениците.
Градоначалникот на Општина Ѓорче Петров,Александар Стојкоски, посочи дека општината продолжува со инвестиции во образованието и создавање современи услови за учење.
–Инвестициите во образованието се инвестиции во иднината. Нашата цел е учениците да имаат подобри услови за настава и можност да стекнуваат знаења и вештини кои ќе им бидат потребни понатаму, изјави Стојкоски.
Од Општината информираат декадо крајот на годината сите основни училишта во Општина Ѓорче Петров ќе добијат современи кабинети по информатика, како дел од континуираните активности за подобрување на образовната инфраструктура.
Извор: Општина Ѓорче петров