Предмет на Јавниот повик е спроведување на постапка за избор на еден член на управен одбор на ЈКП „Дервен“ Велес.
Постапката ќе се спроведе согласно Правилникот за формата и содржината на јавниот повик за пројавување на интерес за пријавување на кандидати за избор на член на управен и надзорен одбор на јавно претпријатие, начинот на поднесување на пријавата, обрасците за пријавување и начинот на бодување и селекција на кандидатите („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.213/24).
Основна дејност на претпријатието e 36.00 Собирање, обработка и снабдување со вода.
Право на учество имаат сите лица кои ќе пројават интерес за пријавување на кандидати кои ги исполнуваат условите предвидени во Јавниот повик.
Јавниот повик со сите услови се објавува на веб страната на Општина Велесwww.veles.gov.mkи на страната на ЈКП „Дервен“ Велесhttps://derven.mk/.
За член на управен одбор на ЈКП „Дервен“ Велес може да биде лице кое ги исполнува следниве услови:
Членовите на управниот одбор на ЈКП „Дервен“ Велес, треба да имаат и најмалку 5 години работно искуство, и тоа:
– најмалку еден член на управниот одбор со работно искуство од областа на финансиско работење и
– најмалку еден член на управниот одбор со работно искуство од областа на правните работи.
Времетраењето на мандатот на членовите на управниот одбор на ЈКП „Дервен“ Велес изнесува четири години, со право на уште еден последователен мандат.
Согласно член 19 од Законот за јавните претпријатија, Управниот Одбор, ги извршува следните работни задачи, одговорности, права и обврски и тоа:
Претседателот и членовите на управниот одбор на јавното претпријатие имаат право на месечен надоместок за својата работа, врз основа на присуство на седници на управниот одбор на јавното претпријатие.
Вкупниот месечен надоместок на претседателот и членовите на управниот одбор поединечно, не смее да го надмине износот од една половина од просечната нето-плата на вработените во јавното претпријатие исплатена во претходната година.
Висината на надоместокот со одлука го утврдува основачот на јавното претпријатие и изнесува:
Задолжителни документи кои треба да бидат доставени како доказ за исполнување на условите за член на Управниот одбор на на ЈКП „Дервен“ Велес се:
Постапката за селекција на членовите на управен одбор на ЈКП „Дервен“ Велес се состои од две фази и тоа:
-Фаза 1 – административна селекција (фаза во која се врши проверка на внесените податоци во пријавата со условите од јавниот повик кои треба да се идентични со условите утврдени во Законот за јавните претпријатија, како и на доставените докази и се врши нивно бодување) и
– Фаза 2 – интервју (фаза во која преку ситуациони и стручни прашања и практични задачи се проверуваат општите и посебните работни компетенции на кандидатот и се врши нивно бодување, а се поставуваат и општи прашања со кои се проверува интересот и мотивацијата на кандидатот за работата, прашања за неговото претходно работно искуство, очекувањата на кандидатот и сл.).
Точниот датум, време и место на оддржување на интервјуто ќе бидат објавени на веб страната на Општина Велес:www.veles.gov.mk.
Јавниот повик се објавува на ден 29.06.2026 година и трае 5 (пет) дена, односно најдоцна до 03.07.2026 година.
Пријавените кандидати соодветната документација во хартиена форма во оригинал или копија заверена на нотар заедно со пополнета Пријава на образец за пријавување (која е во прилог кон повикот) да ја достават до:
Незадоволните кандидати од изборот за членoви во управниот одбор на јавното претпријатие имаат право да поведат управен спор до надлежен суд согласно со Законот за управни спорови.
Напомена: Пријавите без комплетно приложена документација или кои се доставени по истекот на предвидениот рок нема да се разгледуваат.
Напомена: Кандидатите треба да бидат со работно искуство од областа на финансиско работење.
Одлука и Јавен повикПријава
Добредојдовте на официјалната веб страна на Општина Велес. Сите информации за градот и околината на едно место.
Извор: Општина Велес