Виница: Сто години од одржувањето на првите Тодорови трки

објавено во Општински вести | 0
Виница: Сто години од одржувањето на првите Тодорови трки

Почитувани сограѓани,со особена чест и гордост ве информираме дека и оваа година Општина Виница ќе ја реализира традиционалната манифестација „Тодорови трки“. Годинава е особено значајна, бидејќи одбележуваме голем јубилеј – 100 години од одржувањето на првите Тодорови трки.Како новина оваа година е воведена дисциплина Трка од 5км. Заинтересираните за учество во оваа трка да се пријават на следниов линк:https://forms.gle/3RsVoHmChdQRMHtk9Тодоровите трки се синоним за нашиот град.Да покажеме дека сме достојни на традицијата, да ја продолжиме со истата енергија и гордост и да испишеме нови страници во оваа вековна приказна.Ве очекуваме во што поголем број – да бидеме дел од јубилејот, да навиваме, да се радуваме и заедно да го одбележиме овој значаен историски момент за Виница!Тодоровите трки имаат длабоки корени во нашата историја и традиција. Низ децениите тие се развиваа и прераснаа во препознатлив симбол на градот – на заедништвото, спортскиот дух, радоста и натпреварувачкиот ентузијазам. Од најмладите до највозрасните, генерации виничани растеле со оваа манифестација, носејќи ја како дел од својот идентитет.Во изминатите години, Тодоровите трки не биле само спортски настан, туку и место каде што се создаваат спомени, пријателства и традиции што се пренесуваат од колено на колено. Тие се сведоштво за истрајноста и љубовта кон обичаите, но и доказ дека Виница знае да ја негува и зачува својата културна вредност.


Извор: Општина Виница