Крива Паланка (Соопштенија): Соопштение до граѓаните на Општина Крива Паланка за ИЗБОРИ ЗА ЧЛЕНОВИ НА СОВЕТОТ НА МЕСНИ ЗАЕДНИЦИ

објавено во Општински вести | 0
Крива Паланка (Соопштенија): Соопштение до граѓаните на Општина Крива Паланка за ИЗБОРИ ЗА ЧЛЕНОВИ НА СОВЕТОТ НА МЕСНИ ЗАЕДНИЦИ

С О О П Ш Т Е Н И Едо граѓаните на Општина Крива Паланка

И З Б О Р ИЗА ЧЛЕНОВИ НА СОВЕТ НА МЕСНИ ЗАЕДНИЦИ

Врз Основа на член 84 од Законот за локална самоуправа („Службен весник на Република Македонија“ бр.5/02 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.202/24), член 89 став (2) од („Статутот на Општина Крива Паланка“ бр.8/10, 12/10, 8/14, 2/18, 3/19, 8/21, 01/23, 05/23, 14/23 05/24 и 09/24) и Правилата за работа на облиците на месната самоуправа на Општина Крива Паланка „Службен гласник на Општина Крива Паланка“ број 09/10 и 02/18), Градоначалникот на Општина Крива Паланка свикува Собири на граѓани. На собирите ќе се изврши избор на членови на Совет на месните заедници.

Изборите за членови на Советите на урбаните и месните заедници на подрачјето на Општина Крива Паланка ќе се спроведат во периодот од 16.03.2026 до 15.05.2026 година.

Распоредот на одржување на Собирите на граѓани ќе се утврдува и објавува согласно член 17 став (4) и став (5) од Правилата за работа на облиците на месната самоуправа на Општина Крива Паланка „Службен гласник на Општина Крива Паланка“ број 09/10 и 02/18).

Општина Крива Паланка Ве поканува да присуствувате на Собирот на граѓани во Вашата месна заедница, по следниот редослед:

Во урбаните заедници во градот, собирите на граѓани ќе се закажуваат и објавуваат тековно согласно член 17 став (4) и став (5) од Правилата за работа на облиците на месната самоуправа на Општина Крива Паланка „Службен гласник на Општина Крива Паланка“ број 09/10 и 02/18).

НАПОМЕНА:Секој граѓанин е должен на Собирот на граѓани да поседува документ за лична идентификација.

Општина Крива ПаланкаГрадоначалникСашко Митовски


Извор: Општина Крива паланка