Валандово: Меѓународен конкурс за избор на композиции на „Фолк-Фест Валандово 2026“

објавено во Општински вести | 0
Валандово: Меѓународен конкурс за избор на композиции на „Фолк-Фест Валандово 2026“

Feb 6, 2026|ОГЛАСИ И КОНКУРСИ

МЕЃУНАРОДЕН КОНКУРСЗА ИЗБОР НА КОМПОЗИЦИИ НА ФЕСТИВАЛОТ НА НОВОСОЗДАДЕНИ МАКЕДОНСКИ ПЕСНИ„ФОЛК-ФЕСТ ВАЛАНДОВО 2026“

УСЛОВИ ЗА УЧЕСТВО НА КОНКУРСОТ

УСЛОВИ ЗА ИЗГОТВУВАЊЕ НА КОМПОЗИЦИЈА

Авторите се должни да достават оригинална композиција, напишана за вокал и народен оркестар, изработена во духот на македонската народна музика. Композоцијата треба да биде оригинална и досега неизведена. Квалитетот на песните треба да биде во соодност со реномето на фестивалот. Композициите доставени на Конкурсот не треба да бидат подолги од 4’15”. Текстот на композицијата треба да биде на македонски јазик.

На конкурсот нема да бидат земени на разгледување композициите во кои се промовира говор на омраза, расна или верска нетолеранција, во кои се кршат човековите права или се заговара употреба на недозволени средства.

УПАТСТВО ЗА ИСПРАЌАЊЕ НА МАТЕРИЈАЛИТЕ НА КОНКУРСОТ

Конкурсниот труд треба да биде доставен во затворен плик со димензии А4 формат на кој од предната страна ќе биде испишан следниот текст:

ДООПШТИНА ВАЛАНДОВОУл. „ИВО ЛОЛА РИБАР“ бр.32460 ВАЛАНДОВО, Р.С.МАКЕДОНИЈА

ЗАФЕСТИВАЛОТ НА НОВОСОЗДАДЕНИ МАКЕДОНСКИ ПЕСНИ„ФОЛК-ФЕСТ ВАЛАНДОВО 2026“–КОНКУРС

Конкурсниот труд треба да ги содржи следните материјали:

На погоре наведените материјали треба да стои само насловот на песните. На ниту еден од нив НЕ СМЕЕ да бидат наведени имињата на авторите или изведувачите. Материјалите на кои ќе биде забележано отстапување од наведеното правило, НЕМА да бидат предмет на разгледување.

Податоците за авторите и изведувачите задолжително треба да бидат доставени во посебен затворен бел плик со стандардна димензија. Пликот од предната страна треба да има назнака:

ПОДАТОЦИ ЗА АВТОРОТ/ТЕ-НЕ ОТВАРАЈ!

Веднаш под назнаката треба да се наведат: шифрата и насловот на композицијата.

ПОДАТОЦИ ЗА АВТОРОТ/ТЕ-НЕ ОТВАРАЈ!ШИФРА:ФОЛК-ФЕСТ ВАЛАНДОВО 2026НАСЛОВ НА КОМПОЗИЦИЈАТА:Со зборови

Податоците за секој автор поединечно треба да се отпечатени на посебен лист и треба да ги содржат следните информации:

Податоците за секој изведувач поединечно треба да се отпечатени на посебен лист и треба да ги содржат следните информации:

Податоците за музичка група треба да се отпечатени на посебен лист и треба да ги содржат следните информации:

Секој автор на музика, текст или аранжман е должен да достави нотарски заверен документ, во кој ќе биде содржано:

Изјавите од авторите задолжително треба да бидат доставени во посебен затворен бел плик во стандардна димензија. Пликот од предната страна треба да има назнака: ИЗЈАВИ ОД АВТОРОТ/ТЕ-НЕ ОТВАРАЈ!

Веднаш под назнаката треба да се наведат: шифрата и насловот на композицијата.

ИЗЈАВИ ОД АВТОРОТ/ТЕ-НЕ ОТВАРАЈ!ШИФРА: ФОЛК-ФЕСТ ВАЛАНДОВО 2026НАСЛОВ НА КОМПОЗИЦИЈАТА:Со зборови

Материјалите кај кои ќе бидат забележани недостатоци или неуредна достава нема да бидат земени за разгледување.

РОК ЗА УЧЕСТВО НА КОНКУРСОТ

Рокот за поднесување на композициите е најдоцна до 13 Март 2026 година. Апликациите се поднесуваат најкасно до 15.00 часот во архивата на општина Валандово или по пошта на следната адреса:

Општина ВаландовоУл. „Иво Лола Рибар“ бр.3, 2460 Валандово.

Во предвид ќе бидат земени материјалите кои ќе бидат испратени по пошта најдоцна последниот ден од Конкурсот и ќе содржат валиден поштенски жиг, како и материјалите кои најдоцна последниот ден од Конкурсот ќе бидат уредно заверени во архивата на општина Валандово до 15.00 часот.

– Меѓународен конкурс (Преземи PDF)

ОПШТИНА ВАЛАНДОВОул. „Иво Лола Рибар“ бр. 3, 2460 Валандово Република Северна Македонијаwww.valandovo.gov.mk

РАБОТНО ВРЕМЕПОНЕДЕЛНИК – ПЕТОК од 07:00 до 16:00 часот Пауза од 10:00 до 10:30 часот

Градоначалник на Општина Валандовоул. „Иво Лола Рибар“ бр. 3, 2460 Валандово Република Северна Македонијае-пошта:gradonacalnik@valandovo.gov.mkтел: 034/382-044, 034/382-007


Извор: Општина Валандово