Новаци: Oдбележан Денот на македонските пожарникари

објавено во Општински вести | 0
Новаци: Oдбележан Денот на македонските пожарникари

Денес со полагање на свежо цвеќе пред спомен плочата во Територијалната противпожарна единица Битола, во знак на почит и благодарност кон сите пожарникари кои секојдневно пожртвувано се грижат за безбедноста на граѓаните, го одбележавме Денот на македонските пожарникари .
Територијалната противпожарна единица Битола е надлежна и за Општина Новаци.Ова е најстарата противпожарна единица во Македонија и една од најстарите на Балканот, формирана уште во 1836 година. Низ годините, генерации пожарникари ја граделе и одржувале оваа служба, која денес претставува симбол на организираност, храброст и постојана подготвеност за брзо и ефикасно делување.
Изразувам голема благодарност и почит до сите пожарникари за нивната пожртвуваност, хуманост и несебична служба во заштита на граѓаните и имотот.
Нека е честит Денот на македонските пожарникари!


Извор: Општина Новаци