Велес: ЗАПОЧНА ВТОРОТО ПОЛУГОДИЕ

објавено во Општински вести | 0
Велес: ЗАПОЧНА ВТОРОТО ПОЛУГОДИЕ

По завршувањето на зимскиот распуст, учениците се вратија во училишните клупи. Утрово започна второто полугодие од учебната 2025/2026 година.

Учениците од подрачното училиште на ООУ „Панко Брашнаров“ во Башино Село ја започнаа наставата во целосно реконструирана зграда, со значително подобри услови за одвивање на образовниот процес.

Градоначалникот Марко Колев ги посети на првиот час и им посака успешен почеток, многу здравје и достигнувања кои ќе им ги отворат патиштата кон нивните соништа.

Добредојдовте на официјалната веб страна на Општина Велес. Сите информации за градот и околината на едно место.


Извор: Општина Велес