Дебрца: После цели 25 години, конечно го уредуваме споменикот во с. Белчишта!

објавено во Општински вести | 0
Дебрца: После цели 25 години, конечно го уредуваме споменикот во с. Белчишта!

После цели 25 години, конечно го уредуваме споменикот во с. Белчишта!
5 дена активна работа со механизација на терен.
Целосно расчистен патниот правец до самото спомен-обележје.
Просторот е уреден и достоинствен, како што доликува на нашата историја.
Овој споменик е дело на големиот Јордан Грабулоски (1958 год).
Посветен е на храбрите бригади и народот на Дебрца во НОБ.
Како што пишува на самата плоча:
„Нашето славно минато е патоказ кон нашата поубава иднина.“
Не дозволуваме историјата да ни обрасне во трње.
Ја градиме инфраструктурата и го чуваме достоинството на нашите предци.
Дебрца се менува!


Извор: Општина Дебрца