По успешно реализираната ко-дизајн работилница во декември 2025 година, на 20 февруари 2026 година во Општина Виница се одржа работилница во рамки на програмата URBACT Pioneers Accelerator, посветена на ко-креирање и генерирање идеи за конкретни интервенции во Градскиот парк.Работилницата ја водеше Билјана Радоњанин, URBACT локален ментор, а учество зедоа претставници на локалната самоуправа, граѓани, млади и други засегнати страни. Надоврзувајќи се на претходно дефинираното водечко прашање, учесниците работеа на развивање конкретни предлози за уредување на неискористениот дел од паркот.Преку интерактивни методи и „Како можеме ние?“ (HMW) прашања, беа генерирани повеќе идеи кои потоа беа групирани и структурирани според нивната намена и влијание. По процес на заедничка анализа и приоритизација, беа издвоени три приоритетни насоки за понатамошен развој:Зона за настани и култура, со мал амфитеатар, пано за фотографирање и декоративни дрвени елементи како препознатлив простор за јавни собири и креативни активности;Зона за спорт, како простор за активна рекреација и динамични содржини наменети за различни возрасни групи;Зона за одмор и релаксација, како пријатен и зелен простор за дружење, престој и поминување квалитетно слободно време.Овие три насоки ќе послужат како основа за следната фаза од процесот, во која ќе се разработат конкретни пилот-интервенции и можности за нивна реализација.Со оваа работилница, процесот на ко-креирање во Виница влегува во фаза на конкретизација, со јасно дефинирани приоритети кои произлегуваат директно од потребите и идеите на заедницата.Општина Виница, заедно со URBACT тимот, ќе продолжи со активности насочени кон развој на одржлив, инклузивен и функционален јавен простор, создаден преку активно учество на граѓаните.
Извор: Општина Виница