Делчево (Новости): Делчево во сино: се одбележа Светскиот ден за подигање на свеста за аутизам

објавено во Општински вести | 0
Делчево (Новости): Делчево во сино: се одбележа Светскиот ден за подигање на свеста за аутизам

Ученици и активисти облечени во сино,делеа флаери и испратија силна порака за поддршка и прифаќањепо повод Светскиот ден за подигање на свеста за аутизам.

Во рамките на своите активности тие посетија неколку институции, а осварија и средба со  градоначалникот Иван Гоцевски на која се разговараше за предизвиците со кои се соочуваат лицата со аутизам, но и за другарството, разбирањето и емпатијата, како најважни вредности.

Градоначалникот Гоцевски испрати порака декасекое дете е важно, секое дете заслужува љубов и секое дете има свое место во овој свет.

-Како одговорна општина, пружаме рака за поддршка. Соработуваме со граѓанските организации и институции кои работат на ова поле со цел да изградиме систем на една хумана општина, каде секој еден е вреден и важен и има еднакви можности.Затоа, од овде сакам да испратам порака:да бидеме погласни во поддршката, потрпеливи во разбирањето и похрабри во градењето на општеството,каде секој има еднаква шанса. Да ги научиме нашите деца да прифаќаат, а не да осудуваат. Да создадеме средина каде различноста не се крие, туку се слави, порача Гоцевски.

Како дел од активностите, денеска во организација на ОО на Црвениот крст Делчево, а во соработка со Општина Делчево и Здравствениот дом, во ООУ „Ванчо Прке“ се одржа работилница со цел да се запознаат учениците со аутизмот и аутистичниот спектар на нарушување и како овие ученици можат да им помогнат на децата кои имаат аутизам.

Добредојдовте на официјалната веб страна на Општина Делчево.

Адреса:Ул.Светозар Марковиќ бр.1, 2320, Делчево

Работно време:Понеделник – Петок: 07:30 – 15:30 часот(Пауза од 10:30 до 11:00 часот)

Телефон / Факс:+389 33 411 550

Е-поштаinfo@delcevo.gov.mk

Веб страна:www.delcevo.gov.mk


Извор: Општина Делчево