Неготино (Вести): Организиран дочек на Новата година на плоштадот во Неготино02/01/2026|Новости|adminПо 8 години пауза, на иницијатива на градоначалничката на…Read More→Организиран дочек на Новата година на плоштадот во Неготино

објавено во Општински вести | 0
Неготино (Вести): Организиран дочек на Новата година на  плоштадот во Неготино02/01/2026|Новости|adminПо 8 години пауза, на иницијатива на градоначалничката на...Read More→Организиран дочек на Новата година на  плоштадот во Неготино

02/01/2026|Новости|admin

По 8 години пауза, на иницијатива на градоначалничката на општина Неготино Марија Нацева, на градскиот плоштад во нашиот град  се одржа организиран дочек на Новата 2026 година, при што за забавата се погрижија естрадните уметници Татјана Стефановска и Влатко Миладиновски во придружба на оркестарот на Златко Миладиновски.

Масовната посетеност на настанот во целост ја потврди оправданоста од одржување на заеднички дочек на Новата година на плоштадот, а посетителите во Новата година влегоа со многу музика, насмеани лица, позитивна енергија посакувајќи си добро здравје, успех, среќа и радост со најблиските.

Градоначалничката Нацева им се заблагодари на сите за големата посетеност, а на сите граѓани на општина Неготино и Република Македонија им посака Среќна Нова 2026 година.


Извор: Општина Неготино