Делчево (Новости): Интензивно се работи на изградба на инфраструктурата во населба „Пролет“

објавено во Општински вести | 0
Делчево (Новости): Интензивно се работи на изградба на инфраструктурата во населба „Пролет“

Интензивно се работи на изградбата на инфраструктурата во населбата „Пролет“ во Делчево, каде согласно со проектната документација се гради подземната инфраструктура за водовод, канализација и атмосферка вода и се подготвува теренот за изградба на улици со вкупна должина од 420 метри.

Градоначалникот Гоцевски денеска направи увид во работите при што истакна дека е задоволен од интензитетот на активностите на терен и очекува наскоро оваа населба да добие современ урбан лик.

–Задоволен сум од динамиката и начинот на кој се одвиваат градежните работи во населбата „Пролет“, каде интензивно се работи на изградбата на улицата 4в, како и на делови од улиците 1, 3 и 5, во вкупна должина од 420 метри. Очекувам со завршувањето на овој проект населбата да добие современа и функционална патна инфраструктура, со што значително ќе се подобрат условите за безбедно одвивање на сообраќајот, квалитетот на живот на жителите и целокупниот урбан изглед на овој дел од Делчево. Продолжуваме посветено да инвестираме во инфраструктурни проекти кои носат долгорочни придобивки за граѓаните и придонесуваат за рамномерен развој на целата општина, нагласи Гоцевски.

Инвестицијата е вредна 8, 4 милиони денари,асредствасеобезбедени од Владата преку Министерството за транспорт и врски, а градежните работи ги изведува фирмата СД ТРАНС.

Добредојдовте на официјалната веб страна на Општина Делчево.

Адреса:Ул.Светозар Марковиќ бр.1, 2320, Делчево

Работно време:Понеделник – Петок: 07:30 – 15:30 часот(Пауза од 10:30 до 11:00 часот)

Телефон / Факс:+389 33 411 550

Е-поштаinfo@delcevo.gov.mk

Веб страна:www.delcevo.gov.mk


Извор: Општина Делчево