Новаци: Акција за пошумување по повод јубилејот 30 години општина Новаци

објавено во Општински вести | 0
Новаци: Акција за пошумување по повод јубилејот 30 години општина Новаци

Во духот на јубилејот – 30 години Општина Новаци, вложуваме во иднината!
Вчера успешно се реализираше настанот за засадување на заштитен зелен појас, како дел од активностите по повод одбележувањето на 30 години постоење на Општина Новаци
Оваа значајна активност се реализираше во соработка со Центарот за ресурси во животната средина (РЕЦ), во рамки на проектот „Земјоделство безбедно од пожари во општина Новаци“
На потегот кај спортско-рекреативната пешачка патека Новаци – Манастир на Пресвета Богородица беа засадени 1100 садници (јавор, питом и див костен и евла), со што директно придонесуваме кон:
зголемена заштита од пожари
зачувување на земјоделските површини
унапредување на животната средина
создавање позелена и побезбедна општина
Проектот е дел од регионалната програма за управување со пожари во Западен Балкан, поддржана од Владата на Швајцарија.
Продолжуваме со конкретни дела кои ја градат иднината на Новаци – сигурна, зелена и одржлива општина за сите!


Извор: Општина Новаци