Новаци: Општина Новаци повторно дел од националната еко-акција „GENERALKA WEEKEND 2026“!

објавено во Општински вести | 0
Новаци: Општина Новаци повторно дел од националната еко-акција „GENERALKA WEEKEND 2026“!

И оваа година, Општина Новаци активно се приклучи на најголемата државна акција за чистење „Generalka Weekend“, која се реализира во периодот од 8 до 10 мај, со цел создавање почиста, поздрава и поубава животна средина за сите граѓани.
Со заеднички сили, посветеност и еколошка свест, беа исчистени повеќе локации на територијата на општината, при што активно учество земаа: јавното комунално претпријатие „Комунална хигиена“ Новаци, дечињата од детската градинка Бамби и учениците од централното основно училиште „Славко Лумбарковски“во Новаци и подрачното училиште во Бач.
Акцијата се реализираше на следните локации:
Од мостот на реката Црна до центарот на Новаци и низ целото село
Околу детската градинка „Бамби“
По должина на патниот правец Новаци – Далбеговци
Чистата животна средина значи поздрав живот, поголема еколошка одговорност и подобра иднина за сите генерации. Со ваквите акции ја поттикнуваме грижата за природата, чувството на заедништво и личната одговорност за зачувување на нашата околина.
Голема благодарност до сите учесници кои придонесоа за успешна реализација на акцијата!
Општина Новаци останува посветена на заштитата на животната средина и унапредување на еко-свеста кај своите жители. Да продолжиме заедно да создаваме почиста и поздрава општина!
#GeneralkaWeekend2026
#ОпштинаНоваци
#ЧистаСредина
#ЕкоАкција
#ЗаЗдраваИднина
#ГрижаЗаПриродата
#ЕкоСвест
#Новaци


Извор: Општина Новаци