Неготино (Вести): Бројни активности во рамките на одбележувањето на празникот Св. Трифун16/02/2026|Новости|adminИмајќи предвид дека организирањето на настаните за…Read More→Бројни активности во рамките на одбележувањето на празникот Св. Трифун

објавено во Општински вести | 0
Неготино (Вести): Бројни активности во рамките на одбележувањето на празникот Св. Трифун16/02/2026|Новости|adminИмајќи предвид дека организирањето на настаните за...Read More→Бројни активности во рамките на одбележувањето на празникот Св. Трифун

16/02/2026|Новости|admin

Имајќи предвид дека организирањето на настаните за одбележување на Св. Трифун е наменето за лозарите и винарите, покрај активностите од агендата за одбележување на ,, Неделата на виното “, градоначалничката на општина Неготино Марија Нацева присуствуваше и на бројни други настани од неформален карактер.

Меѓу другото, Нацева оствари посета на винариите Дане Хермес, винаријата Дисан, како и Вардарска долина каде заедно со големиот број гости од земјава и странство дегустираше од висококвалитетните вина и уживавме во прекрасниот амбиент.

Исто така, градоначалничката Нацева со соработниците беше во посета на с. Војшанци и другаруваше со ловџиите кои изведоа хајка на штетен дивеч, а потоа имаа заеднички ручек во просториите на локалната црква.

Нацева зеде учество и на 11-тата по ред традиционална тура по повод Св. Трифун на релација Неготино -Тимјаничка цуцка -Тремник во долина од 8 километри со учество на планинари од општина Неготино, од други општини од Македонија, како и гости од Србија.

Воедно, присуствуваше и на концертот на Фолклорниот ансамбл Ацо Ѓорчев кој се одржа во салата на неготинската гимназија.


Извор: Општина Неготино