04/02/2026|Новости|admin
Градоначалничката на општина Неготино Марија Нацева информира дека се аапочна со градежни активности за реализација на уште еден Владин проект. Станува збор за комплетна реконструкција на патот од село Долни Дисан – Горни Дисан- Вешје. Проектот опфаќа асфалтирање на земјен пат, пат кој што го поврзува Долни Дисан со с.Вешје, место каде се наоѓа пчелен парк , викендици и живее месно население. Патниот правец е во должина од 1.800 метри и е финансиран од Владата на Република Македонија преку Министерство за транспорт. Вредноста на проектот изнесува 16.747.976,00 денари.
Извор: Општина Неготино