Василево: Поставени контејнери за текстилен отпад во општина Василево

објавено во Општински вести | 0
Василево: Поставени контејнери за текстилен отпад во општина Василево

Во текот на вчерашниот ден на неколку локации во општина Василево поставени се контејнери за собирање на текстилен отпад. Од сега жителите на Василево својот текстилен отпад ќе можат да го одложуваат во овие специјални садови кои се поставени на вкупно пет различни локации од кои три во населеното мсто Василево и по еден во населените места Ангелци и Нова Маала. Во Василево, поставени се во дворот на општината, пред Домот на културата и во дворот на детската градинка Прва радост  и по еден контејнер во училишниот двор на ООУ „Атанас Нивичански“, Нова Маала и во кругот на ПУ „Гоце Делчев“, Ангелци и новата детска градинка.Градоначачлникот на општина Василево, Славе Андонов споделувајќи ја информацијата преку својот ФБ профил,https://www.facebook.com/vasilevo24, информираше дека ова активност е во соработка со компанијата Еко -текст груп ДООО Скопје.„Општина Василево воспоставува функционален и одржлив систем за селектирање и рециклирање на текстилен отпад. Проектот се реализира во соработка со лиценцираната компанија ЕКО-ТЕКС ГРУП ДОО Скопје. Контејнерите се поставени претежно пред основните училишта и градинките, со што проектот добива и силна едукативна димензија. Целта е кај најмладите да се развива еколошка свест и чувство на одговорност кон животната средина уште од најрана возраст. Со вакви практични решенија правиме конкретен чекор кон: почиста околина, намалување на отпадот,  одржливо управување со ресурсите и  подобар квалитет на живот за сите граѓани“, стои во објавата на Градоначалникот.Текстилниот отпад е една од заканите за животната средина во нашето секојдневие која бара итно решавање. Општина Василево  со овој чин практично се вклучува во борбата за зачување на животната средина и поквалитетен живот за сите граѓани во заедницата.

недела, 15 март 2026, 10:06

вторник, 24 февруари 2026, 11:08

понеделник, 23 февруари 2026, 12:34

четврток, 19 февруари 2026, 11:02

среда, 18 февруари 2026, 09:19

Сите права се задржени © 2014 – 2024https://opstinavasilevo.gov.mk

Содржините на оваа страница можат да се објавуваат без посебна дозвола со наведување на изворот.

Општина Василевос.Василево б.б. 2411тел: +389 34 354-444факс: +389 34 353-007e-пошта:[email protected]


Извор: Општина Василево