Василево: Финансиска поддршка за зелена енергија во домаќинствата на општина Василево

објавено во Општински вести | 0
Василево: Финансиска поддршка за зелена енергија во домаќинствата на општина Василево

Во среда на 11.02.2026 година, со почеток во 10,30 часот, во салата за состаноци на ООУ „Гоце Делчев“, во Василево, Фондот за зелено финансирање и УНДП во соработка со општина Василево организираат настан за граѓаните на кој ќе се информираат за добивање грантови за зелена енергија. На настанот присутните, директно ќе можат да се инфирмираат за условите, можностите и постапката за добивање на грантови за набавка на инвертер клими, топлински пумпи, изработка на енергетскиефикасни фасади.Информацијата за настанот, со отворена покана за присуство на граѓаните, преку својот ФБ профил,https://www.facebook.com/vasilevo24,  ја сподели градоначалникот на општина Василево Славе Андонов.„Почитувани сограѓани,  Општина Василево, во соработка со Фондот за зелено финансирање и УНДП, отвора  можност за финансиска поддршка на домаќинства за: набавка на клима инвертери, топлински пумпи, изработка на енергетски ефикасни фасади.  Ве поканувам на информативниот настан „Поддршка за домаќинства – Грантови за зелена енергија“, каде директно ќе добиете информации за условите, постапките и можностите за користење на овие грантови. Локација: Сала за состаноци во ООУ „Гоце Делчев“ – Василево. Време: (Среда) во 10:30 часот. Ова е одлична можност за намалување на трошоците за енергија, поголема енергетска ефикасност и заштита на животната средина. Ве очекувам во што поголем број. Заедно чекориме кон поекономични и поеколошки домови“, стои во објавата на градоначалникот Андонов.

недела, 15 март 2026, 10:06

вторник, 24 февруари 2026, 11:08

понеделник, 23 февруари 2026, 12:34

четврток, 19 февруари 2026, 11:02

среда, 18 февруари 2026, 09:19

Сите права се задржени © 2014 – 2024https://opstinavasilevo.gov.mk

Содржините на оваа страница можат да се објавуваат без посебна дозвола со наведување на изворот.

Општина Василевос.Василево б.б. 2411тел: +389 34 354-444факс: +389 34 353-007e-пошта:[email protected]


Извор: Општина Василево