Пробиштип (Новости): СООПШТЕНИЕ за спроведување на ларвицидно третирање против комарци на територија

објавено во Општински вести | 0
Пробиштип (Новости): СООПШТЕНИЕ за спроведување на ларвицидно третирање против комарци на територија

Општина Пробиштип ги информира граѓаните дека во четврток, 09 Април 2026 година, согласно Програмата за општи мерки за заштита на населението од заразни болести за 2026 година и препораките на Министерството за здравство, ќе се извршат следните активности:Прв ларвициден третман комбинирано со фрлање на гранули и прскање против комарци од земја на подрачјето на општина ПробиштипОвој третман ќе ги опфати стоечките неистечни води, согласно Стручниот елаборат за превентивна и задолжителна дезинсекција и дератизација на територијата на општина Пробиштип за 2026 година:– Долж течението на река Злетовица од населено место Злетово, преку с. Ратавица, до м.в. Киселица– Долж течението Маричанска рака, од м.в. Маричански дол, па се до чешмата во приградска населба Калниште, на патот кон м.в. Леговец– Двете јаловишни депонии (стара и нова)– Кундинско езеро на површина– Брана Пишица на површина– Руднички базен и фонтани во градски паркТретманот ќе се изврши со почеток во 09:00 часот.Ги молиме граѓаните за соработка и придржување кон соодветни мерки на претпазливост за време на спроведувањето на третманите.

Со почит,Општина Пробиштип


Извор: Општина Пробиштип