Виница: Добар пример од Хрватска: како општини со слична големина инвестираат во одржлив развој

објавено во Општински вести | 0
Виница: Добар пример од Хрватска: како општини со слична големина инвестираат во одржлив развој

Општина Ѓаково, Република Хрватска – локална самоуправа со слични карактеристики како Општина Виница според бројот на жители и територијата – беше домаќин на втората работилница во рамки на меѓународниот проект ERASMUS+ GREEN-R – „Развој на вештини за управување со зелени патишта“.Проектот е финансиран преку програмата ERASMUS+ – Мали партнерства во образованието на возрасни (KA210-ADU) и има за цел да ги поддржи градежните компании и работниците во стекнување зелени вештини, со посебен акцент на рециклирањето, повторната употреба и намалувањето на градежниот отпад при изградбата на патишта. Истовремено, проектот придонесува кон остварување на целите на Европскиот зелен договор и Зелената агенда за Западен Балкан, насочени кон рециклирање на 70% од градежниот отпад до 2030 година.Проектот GREEN-R се реализира во партнерство помеѓу Клина Консалт ДООЕЛ Скопје како носител на проектот, Отвореното училиште IVAN од Ѓаково и Training Solutions & Consulting од Хрватска.Во текот на тридневната работилница беа презентирани европски практики за одржливо градежништво, управување со градежен отпад и заштита на животната средина. Учесниците имаа можност да посетат современа пречистителна станица за отпадни води, инфраструктурни проекти финансирани со средства од Европската Унија, како и да разменат искуства за примена на принципите на циркуларната економија и развој на зелени вештини.Ваквите примери покажуваат дека и помалите општини можат успешно да реализираат значајни инфраструктурни и еколошки проекти преку користење на европските фондови, партнерства и вложување во знаење и современи практики.Општина Виница ги следи ваквите позитивни искуства од европските локални самоуправи, препознавајќи ги како добар пример за идни иницијативи и можности за одржлив локален развој.


Извор: Општина Виница