Седницата се реализираше во организација на Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион, на која беа разгледани актуелни прашања и активности поврзани со регионалниот развој и идните приоритети на регионот.
На седницата се дискутираше за тековните проекти, стратешките насоки и можностите за понатамошна соработка помеѓу општините во Пелагонискиот регион, можностите за аплицирање на нови проекти во актуелниот повик на Бирото за регионален развој, како и за приоритетите за унапредување на инфраструктурата и економскиот развој на регионот.
Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион упатува благодарност до сите учесници за нивното присуство и конструктивниот придонес.
Извор: Општина Новаци