Со цел да ги стимулира граѓаните за користење на алтернативни и еколошки начини на транспорт кои не ја загадуваат животната средина, Општина Пробиштип објавува Јавен повик за надоместување на дел од трошоците за купување на нови велосипеди во 2026 година.
Вкупниот буџет за оваа мерка изнесува50.000,00 денари, а субвенционирањето ќе се спроведува по принципот„прв дојден – прв услужен“.
💰Износ на субвенцијата
Право на учество за субвенционирање има секое физичко лице кое ги исполнува следните услови:
📂Потребни документи за аплицирање
Барателот е должен да ги достави следните документи во прилог на барањето:
✍️Начин и рок на пријавување
Аплицирањето започнува со денот на објавувањето на Јавниот повик и ќе траедо крајот на ноември 2026 година, односно до целосно исцрпување на предвидените буџетски средства.
Документите се доставуваат возатворен пликво архивата на општина Пробиштип на адреса:
ул. „Јаким Стојковски“ бр. 1, Пробиштип(секој работен ден од 07:30 до 15:30 часот)
На пликот задолжително треба да стои назнаката:
„Јавен повик за субвенционирање на граѓаните за набавка на велосипед“
⚠️Важна напомена:Примените барања ќе се евидентираат со точното време на поднесување (датум, час и минута). Формираната Комисија ќе ги разгледа барањата и ќе изврши теренски увид кај барателите за да утврди дека условите се исполнети (или по потреба ќе побара од барателот да го донесе велосипедот на одредена локација за увид) пред да се одобри исплатата.
Подолу се ставени потребните документи за преземање:
Изјава за користење на личните податоци (1)
Изјава за семејна состојба
Изјава, нема претходен корисник член на смејество
Јавен повик за велосипеди
Извор: Општина Пробиштип