Новаци: Реализирано е поплочување на 2000 м² од платото кај што се одржува Фестивалот на жетвата

објавено во Општински вести | 0
Новаци: Реализирано е поплочување на 2000 м² од платото кај што се одржува Фестивалот на жетвата

Во пресрет на овогодинешниот Фестивал на жетвата, успешно е реализирано поплочување на 2000 м² од платото каде што традиционално се одржуваат главните фестивалски активности.
Со оваа инвестиција финансирана од општинскиот буџет значително се подобрува функционалноста и изгледот на просторот, создавајќи подобри услови за учесниците, посетителите и сите љубители на оваа единствена манифестација која веќе пет години ја негува традицијата, земјоделството и културното наследство на Општина Новаци.
Подготовките се во завршна фаза, а ве очекуваме заедно да го прославиме 5 јубилејно издание на „Фестивалот на жетвата – Новаци 2026“ и да уживаме во богата програма, добра музика, традиционални вкусови и незаборавна атмосфера.


Извор: Општина Новаци