Неготино (Вести): Заедничка бадникова трпеза за граѓаните на општина Неготино08/01/2026|Новости|adminДенешниот ден го посветивме и на она што е најважно во една…Read More→Заедничка бадникова трпеза за граѓаните на општина Неготино

објавено во Општински вести | 0
Неготино (Вести): Заедничка бадникова трпеза за граѓаните на општина Неготино08/01/2026|Новости|adminДенешниот ден го посветивме и на она што е најважно во една...Read More→Заедничка бадникова трпеза за граѓаните на општина Неготино

08/01/2026|Новости|admin

Денешниот ден го посветивме и на она што е најважно во една заедница – солидарноста и грижата едни за други. Во срцето на нашиот град, на градскиот плоштад, организиравме заеднички ручек каде што поделивме 1000 топли оброци на нашите сограѓани од социјално ранливите категории.

Хуманоста не познава граници па затоа денешната акција ја проширивме и во населените места.

Наша должност како локална самоуправа е да бидеме тука за оние на кои помошта им е најпотребна. Овој ручек е повеќе од само оброк – тоа е порака дека сме обединети и дека заедно ќе ги пребродиме сите предизвици.

Упатувам огромна благодарност до Стефан Манев и неговите волонтери кои помогнаа во реализацијата на оваа хуманитарна активност.

Ова е само почеток на низата мерки со кои ќе го подобриме квалитетот на животот на најранливите групи во нашата општина.Продолжуваме да се грижиме за секој човек, во секое маало и во секое село!


Извор: Општина Неготино