Новаци: Општина Новаци повторно ги поддржува најмалите спортски херои!

објавено во Општински вести | 0
Новаци: Општина Новаци повторно ги поддржува најмалите спортски херои!

Општина Новаци повторно ги поддржува најмалите спортски херои!
Со големо задоволство ве информираме дека Општина Новаци ќе ја покрие котизацијата за учество на сите деца од општината на детската спортска манифестација „Мини Трчај Бе 2026“!
Кога и каде?
13 Јуни 2026
Почеток: 09:00 часот
Локација: Градски парк Битола
Право на учество имаат деца родени 2014 година и подоцна, распределени во следните категории:
2021 и помали – 50 м
2018 – 2020 – 100 м
2016 – 2017 – 200 м
2014 – 2015 – 400 м
Секој учесник добива:
Финишер медал
Маичка
Торбичка
Подароци од спонзорите
Фотографии од трката
Награди ќе добијат трите првопласирани момчиња и девојчиња во секоја категорија.
Општина Новаци продолжува да вложува во спортот, детската рекреација и здравите навики кај најмладите. Да им овозможиме на децата ден исполнет со дружење, радост и спортски дух!
Родителите кои сакаат нивното дете да учествува потребно е навремено да се пријават и да ја контактираат Општина Новаци за деталите околу покривањето на котизацијата.
#МиниТрчајБе2026
#ОпштинаНоваци
#ПоддршкаЗаДецата
#СпортЗаСите
#МалиХерои
#ТрчајБе
#ЗдравиНавики
#ДетскаРадост


Извор: Општина Новаци