На настанот, библиотекарот Благој Рашков ја прочита националната порака по повод празникот, годинава напишана од Иван Шопов, во која се истакнува трајната вредност на книгата како извор на инспирација и простор за дијалог.
Директорката на „Искра“, Кристина Ѓорѓиевска Атанасова ги додели наградите на највредните и најуредните читатели: Мартина Димитрова, Вилија Камбова Илиева и Виолета Ѓеорѓиева.
Во рамките на празнувањето беше промовирана и стихозбирката „Опеани спомени“ од роднокрајната авторка Блашка Стојкова.
Извор: Општина Кочани