Со видеоhttps://www.facebook.com/reel/1448638433416663, споделенo на својот ФБ профил,https://www.facebook.com/vasilevo24, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, информира за вандалски чин на оштетување на големото фудбалско игралиште во Василево, кој е за секаква осуда.„Почитувани сограѓани, Со жалење информирам дека е оштетен теренот на големото фудбалско игралиште во Василево. Ова не е случајност, туку неодговорно и недозволиво уништување на јавно добро во кое сите имаме вложено. Како градоначалник, остро реагирам и упатувам апел до СВР Струмица за преземање соодветни мерки против сторителите. Воедно, се обраќам и до сите вас – граѓаните на Василево. Општината не е туѓа, таа е наша. Јавните површини, спортските терени и инвестициите се создадени за сите нас и за генерациите што доаѓаат. Нивното зачувување е заедничка обврска. Само заеднички можеме да ги зачуваме јавните простори и инвестициите во нашата општина. Василево е наш дом – да го чуваме“, стои во објавата на Градоначалникот која воедно е и опомена но и апел дека одговорноста за заедницата и за добрата од општа корист е заедничка за сите граѓани на општината.
недела, 15 март 2026, 10:06
вторник, 24 февруари 2026, 11:08
понеделник, 23 февруари 2026, 12:34
четврток, 19 февруари 2026, 11:02
среда, 18 февруари 2026, 09:19
Сите права се задржени © 2014 – 2024https://opstinavasilevo.gov.mk
Содржините на оваа страница можат да се објавуваат без посебна дозвола со наведување на изворот.
Општина Василевос.Василево б.б. 2411тел: +389 34 354-444факс: +389 34 353-007e-пошта:[email protected]
Извор: Општина Василево