Врз основа на член 3 од Правилникот за уредување на условите, начинот и постапката за користење на финансиски средства од Буџетот на општина Крива Паланка за субвенционирање на младите на подрачјето на општина Крива Паланка за купување на велосипед („Службен гласник на Општина Крива Паланка„ бр.15/22), и на Одлуката на Советот на Општина Крива Паланка за определување на максималниот износ за определување на поединечна субвенција за млади закупен велосипед за 2026 година, број 09-6757/31 од 26.12.2025 година („Службен Гласник на Општина Крива Паланка број 14/25 од 29.12.2025 година), а согласно Програмата за млади на општина Крива Паланка за 2026година, општина Крива Паланка на ден 05.01.2026 година објавува
ЈАВЕН ПОВИКза надоместок на дел одтрошоците на младите на подрачјето на општина Крива Паланка за набавка на велосипеди
Општина Крива Паланка како дел од мерките за поддршка на младите, ќе спроведе мерка за стимулација на младите од општината, кои ќе купат велосипед во тековната 2026 година, со која ќе им надомести дел од трошоците при набавка на велосипед и тоа во износ од 50% од вредноста на велосипедот, но не повеќе од4.000 денари нето износпо лице. За време на Јавниот повик, јавноста ќе биде известувана за степенот на искористување на предвидените средства за субвенциони рање на набавката на велосипеди, односно за преостанатите средства за таа намена. Во случај на исцрпување на средствата, Општина Крива Паланка ќе објави дека Јавниот повик е завршен преку општинската веб-страница. Јавниот повик ќе се реализира на принципот „прв дојден, прв услужен“.
Право на учество на Јавниот повик за субвенционирање на младите за набавка на велосипеди имаат:
Потребни документи за пријавување
Документацијата се поднесува до Архивата наопштина Крива Паланка,секој работен ден од 09.00 до 15.00 часот, во затворен плик со намена за „Јавен повик за субвенционирање на младите на подрачјето на општина Крива Паланка за купување на велосипед“ со назнака НЕ ОТВАРАЈ.
Реализација на Јавниот повик
По објавувањето на Јавниот повик за надоместување на дел од трошоците за набавка на велосипед на веб-страницата на општината, во определениот временски рок, граѓаните со пополнување на Барање, вклучувајќи ја и потребната документација, ја доставуваат до архивата на општина Крива Паланка.
Комисијата, која е формирана со Решение на Градоначалник, ќе изготви предлог до Градоначалникот за изготвување на Решенија за исплата на финансиските средства на барателите, за кои е утврдено дека ги исполниле условите цитирани во Јавниот повик, според редот на пристигнатите барања, по принципот „прв дојден, прв услужен“, до исцрпување на обезбедените средства од Буџетот на Општина Крива Паланка за 2025 година за таа намена.
ОПШТИНА КРИВА ПАЛАНКАГрадоначалник,Сашко Митовски
Барање за надоместување на дел на трошоците на младите на подрачјето на Општина Крива Паланка за набавка на велосипеди за 2025 година
Изјава за давање согласност за обработка на лични податоци
Изјава за неискористено право
ПРАВИЛНИК ЗА УРЕДУВАЊЕ НА УСЛОВИТЕ, НАЧИНОТ И ПОСТАПКАТА ЗА КОРИСТЕЊЕ НА ФИНАНСИСКИ СРЕДСТВА ОД БУЏЕТОТ НА ОПШТИНА КРИВА ПАЛАНКА ЗА СУБВЕНЦИОНИРАЊЕ НА МЛАДИТЕ НА ПОДРАЧЈЕТО НА ОПШТИНА КРИВА ПАЛАНКА ЗА КУПУВАЊЕ НА ВЕЛОСИПЕД
Сметки за уплата на административна такса
Извор: Општина Крива паланка