Несекојдневен настан посветен на жената не онаа совршената, туку на вистинската жена со сите нејзини борби, падови, порази, но и издигнувања, организирашеЈЛБ„Илинден“ – Делчево,поднаслов „Тивките хероини меѓу нас“.
Настанот го отвори директорката на ЈЛБ „Илинден“ Билјана Петровска која нагласи дека настанот е посветен на жената која се буди уморна, а сепак продолжува, на жената која плаче тивко, а пред светот стои исправено, на жената која работи, создава, воспитува, се бори паѓа и повторно станува.
–Денес не зборувавме за идеален живот. Туку за храброста. За силата што се раѓа во најтешките моменти.Сите жени кои беа дел од овој настан , носи различна приказна, но сите имаат нешто заедничко- не се откажале и не се откажуваат. Со нас беа жени кои успеале да изградат успешни кариери и останале пример за посветеност, достоинствои и човечност. Мајки кои животот ги ставил пред најтешката битка- борба за здравјето на своето дете. Но,низ таа борба покажале што значи безусловна љубов и сила. Самохрани мајки кои секојдневно носат мајчинска нежност и животна храброст. Мајки на три деца кои ни покажуваат дела љубовта не се дели туку се множи, истакна Петровска.
На настанотсвоја кратка приказнаи поракапред присутнитепренесоанеколку тивки хероини од нашиот град:Билјана Геогриевска, Даниела Такева, Драгана Крстевска, Сунчица Димитровска и Винка Мирчевска–Прауловиќ.
ЈЛБ„Илинден“ – Делчево, во чест на жените кои со својата работа, хуманост, храброст, талент и посветеност оставиле и сè уште оставаат траен белег во нашиот град, подготви изложба на фотографиисо штоим оддавапочит на жените кои инспирираат, создаваат, се борат и оставаат трага во Делчево.
Делчево имало и има многу жени кои заслужуваат да бидат дел од таа изложба, меѓутоа,во првата фаза од програма се изготвени14 фотографии,а како што најави Петровска, втората фаза од оваа програма ќе се реализира на почетокот на месец септтември иќесезголемибројот нажени заслужни да бидатдел од таа изложба.
Воизложбата која е поместена во Мултифункционалниот центар се поставени сликите на :
Блага Симеонова – првата бабица во Делчево, Милка Такева–Грегориевиќ – македонски политиколог, д-р Милка Христова- пратеничка во Собранието на Македонија, Елена Сумрачка од Разловци- жена од народот за народот, д-р Виолета Арсова – педијатар, Николина Попчева – јавен обвинител, Љубица Гоцевска – меѓу првите професионални новинари во општината, Душка Сугарева – прва жена секретар на Општина Делчево, Славица Гугучевска – прва жена директор кај нас, Десанка Атанасова – доајенот на делчевското новинарство, Слободанка Бока Аврамовска – првата аптекарка, Милица Тасева – првата заболекарка, Лилјана Ивановска- првата библиотекарка и Мира Стојчевска – пратеничка во Собранието на Македонија.
Добредојдовте на официјалната веб страна на Општина Делчево.
Адреса:Ул.Светозар Марковиќ бр.1, 2320, Делчево
Работно време:Понеделник – Петок: 07:30 – 15:30 часот(Пауза од 10:30 до 11:00 часот)
Телефон / Факс:+389 33 411 550
Е-поштаinfo@delcevo.gov.mk
Веб страна:www.delcevo.gov.mk
Извор: Општина Делчево