Крива Паланка (Соопштенија): С О О П Ш Т Е Н И Е до граѓаните на Општина Крива Паланка за избори на членови на Совети на Месни заедници

објавено во Општински вести | 0
Крива Паланка (Соопштенија): С О О П Ш Т Е Н И Е до граѓаните на Општина Крива Паланка за избори на членови на Совети на Месни заедници

до граѓаните на Општина Крива Паланка

ЗА ЧЛЕНОВИ НА СОВЕТ НА МЕСНИ ЗАЕДНИЦИ

Врз основа на член 84 од Законот за локална самоуправа („Службен весник на Република Македонија“ бр.5/02 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.202/24), член 89 став (2) од Статутот на Општина Крива Паланка („Службен гласник на Општина Крива Паланка“ бр.8/10, 12/10, 8/14, 2/18, 3/19, 8/21, 01/23, 05/23, 14/23 05/24 и 09/24) и Правилата за работа на облиците на месната самоуправа на Општина Крива Паланка („Службен гласник на Општина Крива Паланка“ број 09/10 и 02/18), Градоначалникот на Општина Крива Паланка свикува Собири на граѓани. На собирите ќе се изврши избор на членови на Совет на месните заедници.

Изборите за членови на Советите на урбаните и месните заедници на подрачјето на Општина Крива Паланка ќе се спроведат во периодот од 16.03.2026 до 15.09.2026 година.

Распоредот на одржување на Собирите на граѓани ќе се утврдува и објавува согласно член 17 став (4) и став (5) од Правилата за работа на облиците на месната самоуправа на Општина Крива Паланка („Службен гласник на Општина Крива Паланка“ број 09/10 и 02/18).

Општина Крива Паланка Ве поканува да присуствувате на Собирот на граѓани во Вашата месна заедница, по следниот редослед:

Во урбаните заедници во градот, собирите на граѓани ќе се закажуваат и објавуваат тековно согласно член 17 став (4) и став (5) од Правилата за работа на облиците на месната самоуправа на Општина Крива Паланка „Службен гласник на Општина Крива Паланка“ број 09/10 и 02/18).

НАПОМЕНА:Секој граѓанин е должен на Собирот на граѓани да поседува документ за лична идентификација.

Општина Крива Паланка


Извор: Општина Крива паланка