Јегуновце (Вести): Известување за спроведување на втора терестрична адултицидна дезинсекција на подрачјето на Општина Јегуновце

објавено во Општински вести | 0
Јегуновце (Вести): Известување за спроведување на втора терестрична адултицидна дезинсекција на подрачјето на Општина Јегуновце

06/07/2026|Вести|Општина Јегуновце

Општина Јегуновце ги известува граѓаните дека на ден09 и 10.07.2026 година, во соработка со компанијатаД.П.Т.У. ПРОНТТО ДООЕЛ, ќе се реализиравтора терестрична адултицидна дезинсекцијана подрачјето на Општина Јегуновце, со цел уништување на возрасните форми на комарци и други штетни инсекти.

Третманот ќе се изведува во вечерните часови, по 23:00 часот, и ќе трае до раните утрински часови, исклучиво при поволни временски услови. Доколку на денот на реализација има врнежи или засилен ветер, активностите ќе бидат одложени за наредниот ден, односно за првиот следен ден со соодветни временски услови.

Дезинсекцијата ќе се спроведува согласно претходно изготвен план и динамика на активности, при што ќе бидат опфатени сите локации предвидени во техничката спецификација и барањето за прибирање понуди.

За третманот ќе се користи препаратотAqua K-Othrine 2 EW, во концентрација пропишана од производителот и согласно упатството за употреба, во сооднос од100 ml препарат на 1 литар вода.

Се препорачува во периодот на спроведување на дезинсекцијата:

Особено се апелира до сите пчелари на територијата на Општина Јегуновце навремено да преземат соодветни мерки за заштита на пчелните семејства за време на спроведувањето на дезинсекцијата.

Адреса: с. Јегуновце 1215, Република Северна МакедонијaРаботно време: 08:00 – 16:00 (Понеделник – Петок)Телефон:+389 (044) 397 766E-mail:o-jegunovce@t.mk


Извор: Општина Јегуновце