Во духот на вековната православна традиција и со силна вера во Бога, денес низ целата Општина Новаци свечено се одбележа големиот христијански празник Богојавление –
Водици.
Честитки до сите што годинава го фатија Светиот Крст:
• Новаци – Давид Јанкуловски
• Добромири – Ангел Стевановски
• Агларци – Александар Митровски
• Далбеговци – Благојче Ристевски
• Рибарци – Стефан Митревски
• Гермијан – Мартин Деловски
• Живојно – Никола Митровски
• Бач – Сара Јагоридовска
• Маково – Дамјан Крстевски
• Зович – Тоше Атанасовски
Нека Светиот Крст им донесе здравје, среќа, мир и благослов што ќе ги следи во текот на целиот живот.
На сите граѓани на Општина Новаци им посакувам многу здравје, благосостојба и духовна сила.
За многу години Водици!
Бог се јави!
Извор: Општина Новаци