Во рамки на свечената програма, градоначалникот Митовски се обрати пред присутните гости, претставници на локалната власт, институции и граѓани, упатувајќи искрени честитки по повод значајниот јубилеј и истакнувајќи дека пријателството меѓу Грос-Цимерн и Крива Паланка претставува пример за успешно меѓународно партнерство засновано на доверба, почит и заеднички вредности.
„Нашите градови се разделени со стотици километри, но пријателството меѓу нашите граѓани одамна ги избриша тие растојанија. Вистинските мостови не се градат од камен и челик, туку од доверба, почит и искрена човечка блискост“, истакна градоначалникот Митовски во своето обраќање.
За време на посетата беа реализирани повеќе средби и активности насочени кон понатамошно продлабочување на соработката меѓу двете општини.
Општина Крива Паланка останува посветена на развојот на меѓународната соработка и градењето силни партнерства кои придонесуваат за локален развој, културна размена и нови можности за граѓаните на двете заедници.
Извор: Општина Крива паланка
