„Системот за електронско гласање е целосно изработен од вработените во ИТ одделението на Општина Битола, без ангажман на надворешни фирми и со 0 денари дополнителен трошок, односно нема никакви финансиски импликации кон буџетот на Општина Битола. Ова е уште еден чекор кон модерна, транспарентна и одговорна локална самоуправа, во интерес на граѓаните на Битола“ вели Бојкоски.
Советниците седницата ќе ја започнат со расправата по точката, односно одлуката за формирање на комисија за селекција на кандидати кои пројавиле интерес за членови во управните одбори и надзорните одбори за материјално – финансиско работење во јавните претпријатија основани од Општина Битола.
На дневен ред ќе се најде и одлуката за прифаќање и давање на трајно користење на движна ствар-патничко моторно возило за потребите на ЈОУ Зоолошка градина Битола, како и други одлуки во делот на надлежностите на Советот.
ВО ЗАВРШНА ФАЗА Е НОВАТА УЛИЦА ВО СТАРАТА КАСАРНА
СЛЕДНАТА СЕЗОНА ДОМОТ НА КОПАНКИ ЌЕ ГИ ОТВОРИ ВРАТИТЕ ЗА ПОСЕТИТЕЛИТЕ
Извор: Општина Битола
