Делчево (Новости): Концерти во Делчево по повод јубилејот 150 години од Разловечкото востание

објавено во Општински вести | 0
Несекојдневно доживување за делчевската публика синоќа приредија настапите на Воениот оркестар и македонскиот бренд „Танец“ на летната сцена во Делчево. Концертите претставуваа увертира на централната прослава по повод чествувањето на 150-годишнината од Разловечкото востание, која ќе се одржи во востаничкото Разловци.

Настапот на Воениот оркестар остави силен впечаток. Публиката уживаше во комбинацијата на свечени маршеви, филмска музика, џез, светски евергрини и македонска музика, а концертот беше надополнет со атрактивната точка Егзицир, која претставува демонстрација на строева извежбаност на припадниците на Баталјонот за почести. Со настапите се негува традицијата патриотизмот и културните вредности.

Концертната вечер се заокружи со настапот на Ансамблот „Танец“ кој на сцената го презентираше македонскиот фолклор и традиција. Со нивните лесни ороводни чекори и вокални интерпретации го  доловија автентичниот македонскиот фолклор, богатите носии, врвната сценска изведба кои ја воодушевија публиката.

Музичкиот дел е еден сегмент од настаните кои изминатиов месец се организираа под мотото „150 години Разловечко востание: Искра за вечна слобода на македонскиот народ“ во кој со свои активности се вклучија сите локални институции: ЈЛБ „Илинден“, НУЦК „Никола Јонков Вапцаров“, образовните институции и, секако, Општина Делчево која е организатор на настаните.

Централната прослава започнува утре со почеток во 11.00ч.

Добредојдовте на официјалната веб страна на Општина Делчево.

Адреса:Ул.Светозар Марковиќ бр.1, 2320, Делчево

Работно време:Понеделник – Петок: 07:30 – 15:30 часот(Пауза од 10:30 до 11:00 часот)

Телефон / Факс:+389 33 411 550

Е-поштаinfo@delcevo.gov.mk

Веб страна:www.delcevo.gov.mk


Извор: Општина Делчево