Општина Пробиштип ги информира граѓаните дека во четврток, 28 Април 2026 година, согласно Програмата за општи мерки за заштита на населението од заразни болести за 2026 година и препораките на Министерството за здравство, ќе се извршат следните активности:Втор ларвициден третман (прскање) против комарци од земја на подрачјето на општина ПробиштипОвој третман ќе ги опфати следниве мапирани површини на стоечки води, согласно Стручниот елаборат за превентивна и задолжителна дезинсекција и дератизација на територијата на општина Пробиштип за 2026 година:– Долж течението на река Злетовица од населено место Злетово, преку с. Ратавица, до м.в. Киселица– Долж течението Маричанска рака, од м.в. Маричански дол, па се до чешмата во приградска населба Калниште, на патот кон м.в. Леговец– Двете јаловишни депонии (стара и нова)– Кундинско езеро на површина– Руднички базен и фонтани во градски паркТретманот ќе се изврши со почеток во 09:00 часот.Покрај вториот ларвициден третман, ќе се изврши и дератизација.Ги молиме граѓаните за соработка и придржување кон соодветни мерки на претпазливост за време на спроведувањето на третманите.
Извор: Општина Пробиштип