Кисела Вода: Се косат нараснатите тревни површини низ општина Кисела Вода

објавено во Општински вести | 0
Општина Кисела Вода, преку Секторот за месна самоуправа, ги започна теренските активности за средување на нараснатата трева низ сите урбани и месни заедници. Во оваа акција, која ќе се одвива секојдневно во текот на целата сезона, ангажиран е тим од 20 обучени сезонски работници. Денеска екипите работат во 11 Октомври – Згради, населба Кисела Вода и населба Драчево, а веднаш потоа продолжуваат по утврден ред и во сите останати делови на општината. Оваа активност е дел од тековните планови за уредување на јавните простори низ целата територија на Кисела Вода.


Извор: Општина Кисела вода