Јавната дебата ќе се оддржи на28 април 2026 година (вторник), со почеток од 12:00часотво Големата сала на општинската зграда на општина Берово.
Проектот има за цел да ја подигне свеста на институциите, креаторите на политики, лицата со попреченост и нивните семејства за улогата и значењето на асистивната технологија (AT) како алатка за социјална инклузија.
Преку јавната дебата и практични демонстрации на асистивни уреди, асистивната технологија ќе се промовира како средство за остварување на основните човекови права – еднаков пристап до образование, услуги, информации и активно учество во заедницата. Дополнително, јавната дебата ќе отвори можност за отворен дијалог помеѓу претставници од различни институции, организации на и за лица со попреченост, лица со попреченост и нивните семејства. Додадена вредност на настанот е што учесниците ќе добијат можност практично да применат асистивен уред.
Настанот ќе биде дизајниран како отворена и интерактивна платформа за информирање, дијалог и практично запознавање со асистивната технологија.Учесниците на јавната дебатата освен што ќе имаат можност за се запознаат со асистивната технологија, ќе можат и активно да придонесат во креирање на конкретни препораки кои ќе бидат доставени до надлежните институции со цел подобрување на системот за поефикасна примена на асистивната технологија.
Ве очекуваме на заедничка и конструктивна дискусија насочена кон системски решенија и унапредување на дигиталната инклузија.
Добредојдовте на официјалната интернет страница наОпштина Берово.
Адреса:Ул. „Димитар Влахов“ бр.10, 2330 Берово
Работно време:Понеделник – Петок: 07:30 – 15:30 часот(Пауза од 10:00 до 10:30 часот)
Телефон / Факс:+389 33/471-057
Е-пошта[email protected]
Извор: Општина Берово