Центар (Соопштенија): ЈАВЕН ПОВИК за прибирање барања за користење средства од Буџетот на Општина Цент

објавено во Општински вести | 0
ОПШТИНА ЦЕНТАР-СКОПЈЕ

Врз основа начлен 50 став 1 точка 16од Законот за локалната самоуправа(“Службен весник на Р.М.” бр.5/2002 и „Службен весник на РСМ“ бр. 202/24) и Програмата за здравствена, социјална и заштита на деца на Општина Центар-Скопје за 2026година („Службен гласник на Општина Центар-Скопје“ бр.15/25)  Општина Центар-Скопје објавува

за прибирање барања за користење средства од Буџетот на Општина Центар-Скопје за 2026година, наменети за финансирањеза социјални услуги и сервиси за граѓаните на Општина Центар-Скопје

Распределбата на средствата од Буџетот на Општина Центар-Скопје за 2026година, ќе се врши во согласност со Правилникот за начинот, критериумите и постапката за доделување финансиски средства засоцијални услуги и сервиси за граѓаните на Општина Центар-Скопјеи врз основа на критериумите што се наведени во овој повик.

Средствата од Буџетот на Општина Центар-Скопје ќе се користат за финансирање социјални услуги и сервиси за граѓаните на Општина Центар-Скопје) за следниве приоритетни услуги, утврдени во Програмата за здравствена, социјална и заштита на деца на Општина Центар-Скопје за 2026година:

1. Континуирани индивидуализирани услуги преку обезбеден пристап до компјутер и интернет со примена на асистивна технологија за децата со сите видови на попречености.

2. Континуирани индивидуализирани услуги за ран стимулативен развој преку АТ

Целна група се млади, деца со аутизам, децата и лицата со попреченост, нивните семејства и останати професионалци вклучени во работата со децата и лицата со физичка, интелектуална и сензорна попреченост, кои имаат потреба од адаптација на компјутер.

1.Превенција, советување и третман на млади во ризик од злоупотреба на дроги и нивните семејства;

2. Психо-социјална поддршка, психотерапевстка и психијатриска поддршка, активности за личен развој и интеграција во заедницата.

-Млади во ризик од злоупотреба на дроги и родители и други членови од семејството

-Корисници на дроги, во процес на интеграција и ресоцијализација

1. Центар за ментално здравје кај деца;

2. Психо-социјална поддршка, психотерапевстка и дефетелошка поддршка, активности за личен развој и интеграција во заедницата.

-Деца со сите попречености и членови од семејството

1. Зелена социјална работа кај младите;

2.Воведување на еколошка“зелена”перспектива во социјалната и младинската работа, градење на иклузивна зелена средина.

-Млади, деца со сите попречености и членови од семејството;

2. Прeдвидени средства

За финансирање на понудените социјални услуги, во согласност со овој Јавен повик, ќе се користат средства од Буџетот на Општина Центар-Скопје за 2026година. Исплатата ќе се врши во две транши и тоа:

Прва транша – по потпишување на договор и поднесено барање за исплата на прва транша во висина од 50% од одобрениот износ, и

Втора транша – по поднесен извештај на половина од договорниот период и Барање за исплата на втора транша во висина од 50% од одобрениот износ.

3. Доставување извештај

Апликантите – даватели на социјални услуги, на кои ќе им бидат доделени средства во согласност со Правилникот запостапката и начинот на распределба на финансиски средства од Програмата за здравствена, социјална и заштита на деца на Општина Центар-Скопје за 2026година, на половина од договорниот период  и по завршувањето на своите активности имаат обврска да достават Извештај за користењето на средствата до Комисија за доделување финансиски средства за социјални услуги и сервиси за граѓаните на Општина Центар-Скопје и до Секторот за финансиски прашања на Општина Центар-Скопје.

4.Право на учество и критериуми

Право на учество во Јавниот повик ќе имаат здруженијата – даватели на социјални услуги со седиште на територијата на Општина Центар-Скопје како матична општина каде што физички ќе се реализираат проектите, а кои ги исполнуваат следниве критериуми:

5. Потребна документација што апликантот – давател на социјална услуга треба да ја достави со Пријавата за финансиска поддршка

Здруженијата -даватели на социјални услуги што учествуваат во Јавниот повик треба да достават:

Напомена: Пријавата за финансиска поддршка е достапна на веб-страницата на Општина Центар-Скопје (www.opstinacentar.gov.mk). Пријавите со нецелосна документација или пријавите што ќе бидат доставени по истекот на предвидениот рок нема да се разгледуваат.

6. Рок и начин на доставување на пријавите.

Рок за поднесување на пријавите е 10 (десет) дена од денот на објавувањето на веб-страницата на Општина Центар-Скопје.

Пријавата со целокупната документација може да се достави преку пошта на адреса:

Општина Центар-Скопје

ул. „Михаил Цоков“ бр.1

или во Архивата на Општина Центар-Скопје (барака 6) од 9.00 до 15.00 часот.

Здруженијата учесници во Јавниот повик ќе бидат известени за резултатите за распределбата на средства од Буџетот на Општина Центар-Скопје за 2026година за финансирање за социјални услуги и сервиси за граѓаните.

Називите на здруженијата и фондациите што добиле средства за финансирање за социјални услуги и сервиси за граѓаните на Општина Центар-Скопје ќе бидат објавени на веб-страницата на Општина Центар-Скопје (www.opstinacentar.gov.mk).

Изработил:Бобан Јанкоски________________

Одобрил:Јагода Јанковска________________

Одобрил: Георги Трајчев ________________ОПШТИНА ЦЕНТАР-СКОПЈЕ

д-р Горан Герасимовски


Извор: Општина Центар