Неготино (Вести): Работна седница за постапување по прекршоци и кривични дела сторени од деца09/02/2026|Новости|adminГрадоначалничката на општина Неготино Марија Нацева…Read More→Работна седница за постапување по прекршоци и кривични дела сторени од деца

објавено во Општински вести | 0
09/02/2026|Новости|admin

Градоначалничката на општина Неготино Марија Нацева присуствуваше и зеде учество на работната седница организирана од Општинскиот совет за социјална заштита на општина Неготино на која се дискутираше за поставување по прекршоци и кривични дела сторени од деца – превенција, меѓу институционална соработка, санкционирање и заштита на децата.

Целта на седницата беше размена на искуства, унапредување во координацијата меѓу институциите и јакнење на системот за заштита и правилно постапување со децата во прекршочна и кривична постапка низ призма на примена на потенцијална општокорисна работа согласно законските прописи.

Во обраќањето градоначалничката Нацева истакна дека е потребно за помош и поддршка на малолетните лица сторители на вакви дела да се изгради систем на мерки за превентивно реагирање, а дури потоа да се преземаат воспитни мерки, со единствена цел да се остварат процеси за правилна социјализација на децата и да се направи обид за нивен правилен развој и формирање во позитивни личности.


Извор: Општина Неготино