Карпош: ОПШТИНА КАРПОШ Е ДЕЛ ОД ПРОЕКТОТ ЗА ОДРЖЛИВА УРБАНА МОБИЛНОСТ

објавено во Општински вести | 0
[vc_row][vc_column][vc_column_text]            Заменик – градоначалникот на Општина Карпош, Неделчо Крстевски, присуствуваше на работилницата посветена на обука и имплементација на планови за одржлива урбана мобилност, која се одржа денеска во просториите на Заедницата на единиците на локална самоуправа на РСМ (ЗЕЛС). На денешната средба присуствуваа и градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, министерот за транспорт, Александар Николоски, директорката на Светска Банка за Македонија, Карол Межеван и претставници на македонската Влада.

Целта на оваа обука беше зајакнување на капацитетите на носителите на одлуки за разбирање, поддршка и водење на процесите за развој и имплементација на Планови за одржлива урбана мобилност. Во таа насока, денешната обука беше конципирана во три сесии од кои првата беше воведна, во втората се говореше за организациските и институционалните аспекти, односно за улогата на  носителите на одлуки во процесот на развивање  и имплементација на горенаведениот Проект, а во третата сесија практично се работеше на Студии на случај.

Инаку, Планот за одржлива урбана мобилност претставува важен чекор кон градење на системско, долгорочно и европски усогласено планирање на главниот град и неговите општини. Во оваа визија од особено значење е и стимулирање на велосипедот како вистинско еколошко превозно средство, а не само како форма на рекреација. Тоа значи градење на инфраструктура на безбедни велосипедски патеки, поврзани вело-коридори, подобрување на квалитетот на амбиенталниот воздух и намалување на сообраѓајниот метеж. Со своето активно учество на работната средба, заменик – градоначалникот Крстевски ја потенцираше подготвеноста на Општина Карпош да се наметне како активен партнер во овие процеси.

[/vc_column_text][vc_video link=””][vc_separator color=”blue” border_width=”3″][vc_images_carousel images=”62128,62129,62130″ img_size=”full” slides_per_view=”4″ hide_pagination_control=”yes”][/vc_column][/vc_row]


Извор: Општина Карпош