Во рамки на седницата, за претседавач беше избрана Жанета Ристевска – лиценциран психолог во ОУ „Св. Кирил и Методиј“ Битола, за заменик претседавач – Митко Бошевски, адвокатската комора, додека за секретар беше избрана Силвана Дејаноска – судски администратор во Основен суд Битола, со што се обезбедува функционално и координирано раководство на Советот во наредниот период.
Советот го разгледа и усвои Деловникот за работа, кој претставува основа за транспарентно, ефикасно и одговорно функционирање, утврдувајќи јасни надлежности, процедури и механизми за донесување одлуки и координација помеѓу сите релевантни чинители.
Дополнително, беше разгледан и усвоен извештајот за реализираните активности во изминатиот период, при што беа нотирани постигнатите резултати, но и предизвиците со кои се соочуваат институциите во областа на превенцијата на детското престапништво.
Посебен акцент беше ставен на утврдување на приоритетите и дефинирање на конкретни мерки и активности во рамките на Програмата за превенција на детско престапништво за 2026 година. Во таа насока, Советот ќе се фокусира на рана идентификација на ризици, работа со деца и млади во ризик, поддршка на семејствата, како и зајакнување на превентивните механизми преку образовниот и социјалниот систем.
Беше донесена одлука за формирање на работни групи кои ќе работат на конкретни области, со цел поефикасна имплементација на мерките и постигнување на одржливи резултати.
Членовите на Советот ја потенцираа потребата од засилена меѓуинституционална соработка, вклучување на граѓанскиот сектор и континуирана комуникација со јавноста, со цел создавање интегриран и координиран пристап во превенцијата.
Општинскиот совет испраќа јасна порака дека превенцијата на детското престапништво е заедничка одговорност и бара навремено делување, координација и континуирана посветеност од сите релевантни институции и чинители во заедницата.
Општина Битола останува цврсто посветена на создавање безбедна, инклузивна и поддржувачка средина за сите деца и млади, преку развој и спроведување на проактивни политики и мерки засновани на соработка, превенција и рана интервенција.
НА 1 АВГУСТ, КАДЕ И ДА СИ, ВО БИТОЛА ДА СИ!
СОЗДАДЕНИ УСЛОВИ И ЗА НОВИ ЖИВОТНИ ОД ЗООЛОШКИТЕ ГРАДИНИ ВО СКОПЈЕ И БЕЛГРАД
Извор: Општина Битола
