Демир Хисар (Новости): СООПШТЕНИЕ ЗА ДЕЗИНСЕКЦИЈА

објавено во Општински вести | 0
Општина Демир Хисар ги известува граѓаните дека на ден 13.05.2026 година (среда) ќе се спроведе дезинсекција, односно прскање против комарци, со цел заштита на јавното здравје и намалување на присуството на комарци во пресрет на летниот период.

Прскањето во околните населени места ќе започне во 18:00 часот, додека на подрачјето на град Демир Хисар активностите ќе започнат во 21:30 часот.

Се препорачува за време на прскањето:

• да се избегнува непотребно движење на отворен простор,

• да се затворат прозорците и вратите во домовите,

• да не се остава храна и облека на отворено,

• домашните миленици да се чуваат во затворен простор за време на третманот.

Се известуваат и пчеларите навремено да преземат соодветни мерки за заштита на пчелните семејства.

Се замолуваат граѓаните за разбирање и соработка за успешно спроведување на активностите.

Техничката изработка на вебстраната e поддржана од


Извор: Општина Демир хисар