Конкурсот се реализираше во времетраење од 10 дена од денот на објавувањето, при што учениците имаа можност преку своите креативни творби да ја изразат важноста на безбедното учество во сообраќајот. По извршената евалуација од страна на стручна комисија, избрани се најдобрите творби кои ќе бидат наградени.
Доделувањето на наградите ќе се одржи во „Мултимедијален центар“ (Старо училиште) во Кривогаштани, на ден 06.05.2026 година, со почеток во 12:00 часот.
Воедно, наградените цртежи ќе бидат изложени во мултимедијалниот центар, при што посетителите ќе имаат можност да видат на кој начин децата ја доживуваат и прикажуваат безбедноста во сообраќајот.
Овој ликовен конкурс е дел од активностите за подигнување на свеста за сообраќајната безбедност кај најмладите, реализиран со поддршка на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата.
Општинскиот совет за безбедност во сообраќајот упатува благодарност до сите ученици, наставници и родители за учеството и придонесот во оваа значајна едукативна активност.
Извор: Општина Кривогаштани
