Имено, во категоријатаопштински стипендии за талентирани ученици кои доаѓаат од семејства со ниски приходи се планирани10стипендии со месечен износзголеменод 1.500 на 2.000 денари, додека во втората категоријастипендии за талентирани ученици кои постигнале особено висок успех се планираат8стипендии,а износот настипендијата се зголемува од 2.000 на 2.500 денари.И студентски стипендии се зголемуваат за 500 денари, односно во категоријата студенти кои се од семејства со ниски приходи износот на стипендијата се зголемува од 2.000 ден на 2.500 ден, додека стипендијата во втора категорија за талентирани студенти е зголемен од 3.500 на 4.000 ден.Предвидено е и зголемување на стипендијата за ученик со попреченост, од 1.500 на 2.000 денари.За прв патсевоведува еднократна парична награда за првенец на генерација: по20.000 денари за основно образованиеи30.000 денари за средно образование.Наградата за најдобрите матуранти од делчевската гимназија, годинава се состои од ваучер во износ од 20.000 денари за 15 матуранти, мерка што значи награда за постигнатите резултати во средното образование во СОУ „М.М.Брицо“ во Делчево. Исто така, за 1.000 ден е зголемен износот за запишани првачиња во основните училишта во Делчево од 3.000 на 4.000 ден. и износот за еднократна награда за најдобри ученици Роми, за основците од 5.000 на 6.000 ден, додека за најдобриот ученик Ром во средното образование износот е зголемен на 11.000 ден.
Градоначалникот Иван Гоцевски посочува дека со Програмата за образование за 2026 годинасевложува таму каде што навистина има вредност – во знаењето, трудот и иднината на нашите млади.
–Со овие мерки испраќаме јасна порака – трудот се препознава, знаењето се поддржува, а успехот се вреднува. Ќе продолжиме да создаваме услови во кои секое дете ќе има можност да напредува и да ја гради својата иднина тука, во Делчево, нагласи Гоцевски.
Јавниот конкурс за доделување општински стипендии ќе биде распишан во текот на овој месец.
Добредојдовте на официјалната веб страна на Општина Делчево.
Адреса:Ул.Светозар Марковиќ бр.1, 2320, Делчево
Работно време:Понеделник – Петок: 07:30 – 15:30 часот(Пауза од 10:30 до 11:00 часот)
Телефон / Факс:+389 33 411 550
Е-поштаinfo@delcevo.gov.mk
Веб страна:www.delcevo.gov.mk
Извор: Општина Делчево
