Петровец (Вести): Одржана работилница како подготовка за Бадниковата поворка во РжаничиноJanuary 4, 2026|Вести|adminДенеска во црквата „Света Троица“ во Ржаничино се одржа…Повеќе →Одржана работилница како подготовка за Бадниковата поворка во Ржаничино

објавено во Општински вести | 0
January 4, 2026|Вести|admin

Денеска во црквата „Света Троица“ во Ржаничино се одржа работилница како подготовка за претстојната Бадникова поворка. На работилницата учествуваа околу 140 дечиња, што претставува значаен одзив и потврда за интересот и посветеноста кон негувањето на православните празнични традиции.

Пред присутните се обрати градоначалникот на Општина Петровец, Борче Митевски, кој им се заблагодари на дечињата и организаторите за големиот одзив и истакна дека бројот на учесници во Бадниковата поворка континуирано се зголемува од нејзиното прво организирање пред неколку години.

Градоначалникот им ги честиташе новогодишните и божиќните празници на сите учесници и упати порака дека ваквите активности треба да прераснат во трајна традиција која ќе се пренесува на идните генерации.

Бадниковата поворка ќе се одржи на 06.01.2025 година и ќе започне во 08:45 часот од пред црквата „Свети Ѓорѓија“ во Петровец. Поворката ќе продолжи до општинската зграда, каде на дечињата ќе им бидат поделени коледарчиња од страна на градоначалникот, а потоа ќе се упати кон црквата „Света Троица“ во Ржаничино, каде учесниците ќе бидат почестени со доручек.


Извор: Општина Петровец