Пласница (Архива): Набавка на опрема за собирање на отпад

објавено во Општински вести | 0
Општина Пласница согласно реализиран проект Набавка на опрема за собирање на отпад во ПЈЗ регион, набави за територијата на Општина Пласница контејнери кои ќе бидат ставени на располагање на ЈП КОМУНАЛЕЦ Пласница се со цел подобрување на работата на претпријатието, како и подобрување на подигањето на отпад, зачувување на животната средина и одржување на јавна чистота.

Општина Пласница како и секогаш настапува со голема одговорност, посветеност во справувањето со отпад следејќи ги европските стандарди за чиста, еколошка и здрава животна средина.


Извор: Општина Пласница