Во моментов активно се работи на изградба на седум приклучни улици, со вкупна должина од 1.700 метри, со што значително се подобрува локалната патна мрежа, безбедноста и пристапноста во повеќе населени места на територијата на општината.
Меѓу улиците кои се опфатени со оваа градежна активност е и улицата 102, каде се врши целосна реконструкција и уредување на коловозот, со цел жителите да добијат современа, функционална и безбедна инфраструктура.
Со овие зафати се решаваат долгогодишни инфраструктурни проблеми, се олеснува секојдневното движење на граѓаните и се создаваат подобри услови за нормално функционирање на локалните заедници.
Градоначалникот Александар Стојкоски истакна дека инвестициите во локалната инфраструктура остануваат еден од главните приоритети на општината.
-Продолжуваме посветено да работиме во секој дел од општината. Нашата цел е јасна – модерно, уредено и функционално Ѓорче Петров, каде граѓаните ќе имаат достоинствени услови за живот. Нема запирање кога се работи за потребите на народот – изјави Стојкоски.
Општина Ѓорче Петров и во наредниот период продолжува со засилена динамика на реализација на инфраструктурни проекти, со фокус на рамномерен развој и подобрување на квалитетот на живот во сите населени места.
Извор: Општина Ѓорче петров