Во рамките на посетата, Гоцевски оствари средба со градоначалникот на Општина Ешалан,Серж Борник,накоја серазговарашеза можностите за продлабочување на меѓусебната соработка, размена на искуства и добри практики, како и за начините на кои успешните швајцарски модели на функционирање можат да бидат применети и во нашата локална самоуправа.
–Го информиравме градоначалникот Борник за активностите и напорите што ги преземаме за уредување и модернизација на Делчево, за проектите што ги реализираме во интерес на граѓаните, како и за нашата визија за понатамошен развој на општината. Швајцарија е пример за организираност, посветеност и ефикасност, земја од која,навистина,може многу да се научи, нагласи Гоцевски.
Воедно, посетата на Ешалан, Гоцевски ја искористи и за директно да се запознае со современите решенија и практики во управувањето со отпадните води и заштитата на животната средина и со работата на пречистителна станица за отпадни води која во градот Ешалан функционира подолго време.
Исто така, Гоцевски имаше средби со наши иселеници кои живеат и работат во Швајцарија во Ешалан и околните градови, а воедно, присуствуваше и на традиционалниот фестивал „Македонски денови“ организиран од Друштвото, каде се промовираше македонската култура и традиција, а воедно, оствари и повеќе средби со наши иселеници во Швајцарија.
–Особено ме радува што македонската заедница во Ешалан не е само чувар на своите корени, туку и активен и ценет дел од локалното општество. Тоа е најдобриот пример како се гради заедништво – со почитување на сопствениот идентитет и со придонес во средината во која живееме. Нека овој настан отвори нови перспективи за продлабочување на соработката меѓу двете општини Делчево и Ешалан,да ги зацврстиме врските меѓу татковината и дијаспората, да создадеме нови пријателства и нови можности за соработка, нагласи Гоцевски.
Градоначалникот на Делчево, Иван Гоцевски, работната посета на Швајцарија ја заокружи со посета на општинските оранжерии во Ешалан за производство на цвеќе, како и на центарот за собирање и рециклирање отпад кои претставуваат успешни примери за современо и одржливо управување со јавните услуги.
–Особено ми беше драго што дел од овие практики веќе ги применуваме и кај нас. Во изминатиот период го обновивме стакларникот и овозможивме сопствено производство на сезонско цвеќе за потребите на градот, со што придонесуваме за поубав изглед на јавните површини и намалување на трошоците“, истакна Гоцевски.
Тој нагласи дека посетата донела нови идеи и дополнителна мотивација за унапредување на работата на јавните претпријатија и зголемување на зелените површини во градот.
Во наредниот период, во соработка со раководството на ЈКП „Брегалница“, ќе се работи на јакнење на капацитетите, обезбедување нова механизација и дополнителни ресурси за уште поинтензивно хортикултурно уредување на јавните простори.
„Нашата цел е Делчево да биде чист, зелен и убав град по мерка на граѓаните. Добрите европски практики што ги гледаме и учиме ќе се трудиме максимално да ги примениме и во нашата општина“, порача градоначалникот Гоцевски.
Со оваа посета беше заокружена програмата за размена на искуства и добри практики во областа на управувањето со јавните услуги и заштитата на животната средина во Швајцарија
Добредојдовте на официјалната веб страна на Општина Делчево.
Адреса:Ул.Светозар Марковиќ бр.1, 2320, Делчево
Работно време:Понеделник – Петок: 07:30 – 15:30 часот(Пауза од 10:30 до 11:00 часот)
Телефон / Факс:+389 33 411 550
Е-поштаinfo@delcevo.gov.mk
Веб страна:www.delcevo.gov.mk
Извор: Општина Делчево
